Вести Македонија

Земјоделците во неизвесност, опозицијата со предлог-план за деблокада на ИПАРД

Земјоделците чекаат деблокада на парите од ИПАРД, откако скандалот со проневери заврши со истрага и апсења, а повеќе од 130 милиони евра од програмата беа ставени во мирување. Соочени се со неизвесност. Сѐ уште се воздржуваат јавно да проговорат, но зад камерите велат дека се загрижени пред зимата, како ќе се преживее. Во меѓувреме власта и опозцицијата со сличен наратив.

Денеска СДСМ со предлог-решение за деблокада на парите. Поранешниот министер Љупчо Николовски вели дека најпрво треба да се утврди фактичката состојба и обемот на суспензијата, за да се нотираат институционалните слабости. Како втор чекор, да се подготви Акциски план кој државата ќе го достави до Европската комисија.

„Нашата порака до партнерите во Брисел мора да биде јасна и недвосмислена: ова е изолиран случај, надлежните мора да постапат, секој што е инволвиран ќе биде санкциониран. Со суспендирањето на ИПАРД 3, блокиран е целиот буџет од 128 милиони евра, но бидејќи досега на располагање на земјоделците се ставени 65 милиони евра со кофинансирање тоа се вкупно инвестиции во износ од 130 милиони евра кои сега де факто се ставени во мирување“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

Вчера, претседателот на Владата, Мицкоски, на прашање дали ЕУ ги блокира средствата од ИПАРД, одговори дека не се блокирани туку напротив, акцијата која се презема е поздравена како позитивна од нивна страна. Премиерот додаде дека тој побарал времен прекин на исплатите. Од владеачката партија на став дека институциите по првпат преземаат мерки за корупција, каде што осомничен е актуелен директор без за тоа да има претходен притисок од медиумите и јавноста и без да постои јавен скандал.

Стопирањето на исплатата следува по големиот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, откако директорот Илија Стоилев и неколкумина службеници се притворени за поткуп од околу 50.000 евра.

За индициите за други злоупотреби, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговори дека секоја предистрага е тајна, а предметот се водел неколку месеци и не може сега да споделуваат детали, освен веќе познатите во јавноста.

Истрагата досега покажа дека Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, му ветил 50.000 евра на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Илија Стоилев, а полицијата го фатила со првите 400 дадени на рака.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе