Пратеникот и поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, предупреди дека скандалот со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно ја загрозува ИПАРД-3 програмата.
Стоилев беше фатен како прима мито од 400 евра за да потпише документ со кој ќе се обезбедат ИПАРД средства за фирма која не ги исполнува условите.
Николовски оцени дека корупцијата во земјоделството може да доведе до запирање на европските фондови, со што се ставаат во ризик 128 милиони евра, кои се наменети за модернизација на земјоделството и руралниот развој.
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, пак, тврди дека нема опасност за ИПАРД средствата и апелира случајот да се истражи докрај.
