Вести Македонија Топ вести

Недостигот од онколошки лекови хроничен проблем во здравството

Недостигот од онколошки лекови останува хроничен проблем во здравствениот систем. Додека пациентите се борат со најтешката болест, надлежните се обидуваат да најдат решение тие да не останат без терапија. Веќе неколку месеци на Клиниката за онкологија недостасуваат тумор-маркери, како и лековите „цисплатин“ и „таксол“, кои се користат во редовната терапија на онколошките пациенти.

  • Во моментот постои привремен недостаток од лекот поради доцнење на испораката од страна на дистрибутерот (дистрибутивна дефектура). Очекуваме лекот да биде достапен во текот на утрешниот ден, или најдоцна на почетокот на следната недела- Игор Стојковски директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Сложени законски процедури се најчестите причини за недостиг на лекови на клиниките за Онкологија.

Од Здружението на пациенти „Хема Онко“ бараат итна измена на Законот за јавни набавки на лекови, со цел да се спречи повторување на ваквите состојби. Според нив, сегашната регулатива овозможува пролонгирани тендерски постапки и административни застои кои создаваат празнини во снабдувањето со неопходни медикаменти.

Министерството за здравство, пак, најави законски измени со кои ќе се воведе нова, пофлексибилна постапка при јавните набавки за лекови и реагенси, со што би се избегнало времето на чекање меѓу две тендерски постапки — период кој често доведува до недостиг на терапија и дијагностички материјали.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе