ВРЕДИ го предлага Беким Сали за наследниик на вицепремиерот Изет Меџити кој од Илинденска се сeли во Чаир најавија од Вреди. Меџити денеска ја поднел оставката во Владата која треба ја констатира Собранието и го зел уверението од ДИК. Но дали Сали ќе биде и министер за животна средина или некој друг за сега нема одговор.
За тоа кој ќе го пополни местотот на Меџити од Владата нема потврда. Во одговор за Телма велат сега нема ниту промени ниту преговори. Премиерот Мицкоски претходно веќе најави дека по локалните избори е можна реконструкција на Владата, а за 6-ти декември е закажан партискиот конгрес.
Од Вреди тврдат дека нема проблеми со коалиционите партнери во власта, откако синоќа портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов, на својот „Фејсбук“ упати критики до коалицијата Вреди дека ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски, а тоа го оцени како ептен голема грешка.
Мемов денеска со нова објава на „Фејсбук“ ја спушти топката, вели дека тоа било негов личен став, а не на партијата од која доаѓа.
„Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени“, напиша Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.
Анализите покажаа дека Орце Ѓорѓиевски е избран за градоначалник на Скопје со најмалку гласови на скопските избори од 2000-та наваму. Резултатот од локалните избори е 55 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, 9 ВРЕДИ ,6 СДСМ, ДУИ 4, а ЗНАМ 1 градоначалник.
Елена Ивановска Мукоска
Дигитална обработка: T.Д.
