Вести Македонија Топ вести

ВРЕДИ: Беким Сали ќе седне на вицепремиерското место на Меџити

ВРЕДИ го предлага Беким Сали за наследниик на вицепремиерот Изет Меџити кој од Илинденска се сeли во Чаир најавија од Вреди. Меџити денеска ја поднел оставката во Владата која треба ја констатира Собранието и го зел уверението од ДИК. Но дали Сали ќе биде и министер за животна средина или некој друг за сега нема одговор.

За тоа кој ќе го пополни местотот на Меџити од Владата нема потврда. Во одговор за Телма велат сега нема ниту промени ниту преговори. Премиерот Мицкоски претходно веќе најави дека по локалните избори  е можна реконструкција на Владата, а за 6-ти декември е закажан партискиот конгрес.

Од Вреди тврдат дека нема проблеми со коалиционите партнери во власта, откако синоќа портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов, на својот „Фејсбук“ упати критики до коалицијата Вреди дека ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски, а тоа го оцени како ептен голема грешка.

Мемов денеска со нова објава на „Фејсбук“ ја спушти топката, вели дека тоа било негов личен став, а не на партијата од која доаѓа.

„Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени“, напиша Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Анализите  покажаа дека Орце Ѓорѓиевски е избран за градоначалник на Скопје со најмалку гласови на скопските избори од 2000-та наваму. Резултатот од локалните избори е 55 градоначалници од  ВМРО-ДПМНЕ, 9 ВРЕДИ ,6 СДСМ, ДУИ 4, а ЗНАМ 1 градоначалник.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе