Вести Македонија Топ вести

Прегласувањето ќе го продолжи мандатот на ДИК

Прегласувањето во четирите општини во кои не беше постигнат потребниот цензус за гласање ќе го продолжи и мандатот на актуелниот состав на Државната изборна комисија кој истекува на 15 јануари идната година.Откако ќе бидат објавени конечните резултати од вториот круг, ќе почне да тече рокот од 60 дена за повторување на гласањето во првиот круг во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека за ова прашање ќе се консултира и со ДИК, но лично смета дека нема потреба од промени во составот на комисијата додека изборниот процес не заврши целосно.

  • За Законот за локална самоуправа, кој не се донесе пред овие избори затоа што немаше Бадентерово мнозинство, Гаши рече дека повторно ќе се отвори расправа. Собранието почнува со работа на 10 ноември, кога  ќе има опозициски пратенички прашања и седница. Во законодавниот дом вчера стигнал и предлог-буџетот. До 10 ноември се чекаат амандмани, а Гаши очекува до 9 декември да свика седница за претрес – Африм Гаши, претседател на Собрание.

Гаши не сакаше да коментира дали на Левица им следува место во новиот состав на ДИК, откако претседателот на оваа партија најави дека ќе бара измени на Изборниот законик и свој член во највисокото изборно тело, а доколку тоа не се случи, „ќе има „пекол“ во законодавниот дом„.

Од ДИК, пак, појаснуваат дека, за некоја партија да добие член во комисијата, се сметаат гласовите од парламентарните избори, а не од локалните.

За измени во Изборниот законик е разговарано и на денешната координација во Собранието, но ќе следат и нови разговори, вклучително и за сите идеи за финансирање на партиите и за прекројување на изборните единици, но не се знае кога ќе биде изготвен и ставен на дневен ред. Законикот, кој е дел од реформската агенда,  мора да се донесе со консензус.

Денеска не разговарале за Кривичниот законик, кој е исто така дел од агендата.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе