Вести Македонија Топ вести

Ахмети: Резултатите за некои општини не се одраз на вистинската волја на граѓаните, туку последица на непринципиелни коалиции

Нашата партија освои мнозинство на народни, односно национални гласови, со предност од над 23.000 гласови, но не успеа да ја добие трката за градоначалници во повеќето општини, соопштија од Демократската унија за интеграција на  прес-конференцијата.

„Резултатите за некои општини не се одраз на вистинската волја на граѓаните, туку последица на непринципиелни коалиции. Ова е комплексна порака која ја прифаќаме со почит и одговорност. Граѓаните покажаа дека веруваат во нашите вредности и визија, но истовремено бараат да го обновиме начинот на кој ги претставуваме тие вредности на терен,“ порачаа од раководството.

Од партијата оценуваат дека резултатите во дел од општините не се вистински одраз на волјата на граѓаните, туку последица на, како што велат, непринципиелни коалиции и привремени договори кои го нарушиле духот на демократската конкуренција.

Во партијата укажуваат и на сериозни неправилности за време на изборниот процес, меѓу кои злоупотреба на државни ресурси, систематски изборен инженеринг и притисоци врз гласачите.

„Губењето на некои позиции на локално ниво е повик за зајакнување на структурите и подобра комуникација со луѓето. На крајот на денот, легитимитетот на секое политичко движење произлегува од довербата на граѓаните — а таа доверба не е избледена, туку е зајакната“, порача Ахмети.

Сепак, од партијата порачуваат дека резултатот претставува „морален и политички мандат“ кој ги обврзува да продолжат пообединети и поблиски до граѓаните.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе