Вести Македонија Најважни

Телма репортажа: Жителите на кумановските села Бељаковце и Довезенце гласаат во импровизирани услови

На 26 километри од Куманово се наоѓа Довезенце. Селото е ридско и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 360 до 560 метри. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 83 жители, меѓу нив е дедо Видослав кои ни ги раскажа маките на жителите.

Овде граѓаните  своето право на глас го остваруваат во приватен објект. На ова избирачко место своето право на глас го оствари и баба Благојка, која очекува решавање на проблемите по изборите.

Се упативме кон стариот дел на селото, но патот беше прооден само за тешки возила. Немавме услови да го продолжиме патот па се вративме назад и се упативме кон соседното село Бељаковце. На влезот не дочека железничката пруга.

И во ова населено место жителите гласаат во приватен објект. Избирачкиот одбор подготвен да ги дочека 30-те гласачи. Томе Стојановски е повратник од Шведска кој одлучил да се врати во родното село. Не угости во својот дом за да ни ја раскаже приказната за неговиот живот и животот во ова населено место. Но освен убавините на селото, и овде жителите ги немаат основните услови за живот.

Симона Петровска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе