Може ли вториот круг од локалните избори да донесе изненадување во Скопје, Тетово, Кичево, Карпош. Политичка реконструкција по изборите најавија и власта и опозицијата, но колку се подготвени за длабоки резови. Кој би добил, а кој би загуби од евентуални предвремени избори?
Ќе го сменат ли овие локални избори водењето на политичката кампања во иднина.
Во Топ Тема дебата со Марко Трошановски од Институт за демократија, Сефер Селими од Демократска лабораторија и Бојан Кордалов од Европски центар за извонредност.
Неприфатлива е злоупотребата на унгарските кредити коишто иако беа распределени горе доле во повеќето општини сепак од нив имаа аир и позиција и опозиција сепак беа искористени за промотивни цели во време на кампања и тоа не е океј. Тоа се пари на граѓани со коишто се финансира нечија пропаганда“ вели Трошановски од Институтот за демократија.
Ако ги земете сите извештаи од ОДИХР генерално оценките се позитивни смета Трошановски.
Додека според Кордалов ниедна партија не го помина испитот, и дека со малата изленост граѓаните испратија порака од сите аспекти дека нешто ќе мора да се промени.
„Ситуацијата е многу очајна, ако на овие избори не се увиде дека одредени политички партии завршија онаму кадешто никогаш не завршиле, но не се само едни туку повеќе партии, а дека некои партии добија мандати и можности кои досега никогаш ги немале, и ако не се јасни трендовите тогаш тие политичари не можат да бидат политичка елита“, вели Кордалов од Европскиот центар за извондредност.
Кордалов додава дека „Да направите утре анкета и да ги прашате граѓаните што памтат од оваа кампања, две пораки да ви кажат, ја ви гарантирам дека нема да знаат ниедна“.
Т.Д.
