Новосадската полиција претпладнево го уапси Миша Бачулов, советник во градското Собрание и лидер на граѓанската група „Биди херој“. Дел од српските медиуми, кои важат за блиски до претседателот Александар Вучиќ, тврдат дека постојат сомнежи дека Бачулов планирал лажирање на сопствено труење и за обидот за убиство да го обвини претседателот Вучиќ и државниот врв.
— Arsil Garson (@ArsilGarso47195) October 31, 2025
Според изворите што ги цитираат, целта на наводното сценарио било предизвикување на револт меѓу граѓаните за време на утрешните протести во Нови Сад и поттикнување на судири и насилство на улиците.
— Jela123 (@JelA123abc) October 31, 2025
Бачулов, кој е познат критичар на властите во Белград, и претходно учествуваше во организација на протести и политички акции на опозицијата во Војводина. Српското министерство за внатрешни работи сè уште се нема огласено со детали од апсењето.
