Вести Македонија Најважни

Гласање со разум и смиреност побара Мицкоски за вториот круг

Масовен одѕив и гласање со разум и смиреност побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на вечерашниот завршен митинг во Скопје. Победата за возврат ќе ја смета за договор за сериозна и одговорна работа. Повика на единство меѓу сите заедници, особено во Кичево кое, според него, се наоѓа пред историска можност да добие градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите. Рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветена работа.

„На вториот круг излезете гордо, достоинствено и мирно и гласајте со разум и со срце. И кога некој ќе рече „никој ништо не може да смени“, ти само одговори му „погледни околу себе““, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вечерашниот митинг Мицкоски го искористи и за да испрати пораки до соседите, дека е подготвен за дијалог, но на исто рамниште, врз основа на почитување и на достоинство. Ги критикуваше и СДСМ и нивните црвени линии.

Кандидатот за градоначалник на Скопје го претстави како сериозен, присебен и методичен човек, кој веќе докажал дека знае како се работи. И Ѓорѓиевски испрати порака за обединување, но околу редот и работата.

„Ова е одлука за судбината на нашиот град, за тоа во каков град сакаме да живееме ние и во каков град сакаме да растат нашите деца. Скопје е уморен град, од хаос, нечистотија, сообраќаен метеж и празни ветувања“, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.

Ѓорѓиевски вети одблокирање на сообраќајниот колапс, како и решенија за еколошките бомби во градот и ред во јавните претпријатија.

Партијата во првиот круг освои и мнозинство во советите на 59 општини, што за нив е гаранција за спроведување на планираните проекти.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе