Министерството за внатрешни работи информира дека заканите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово вчера биле лажни… Според информациите од МВР, полицијата веднаш презела мерки и извршила детални проверки на сите пријавени локации. Вчера околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнале пораки со закани за експлозивни направи. По извршените проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Од МВР информираат дека се преземаат активности за идентификување на испраќачите на заканите и нивно соодветно санкционирање.
