Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица за кои постои основано сомнение за кривичното дело од член 230, став 1 од Кривичниот законик (КЗ) – „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална Хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на основите од член 165, став 1, точка 2 и 3, односно „опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци“ и „можност да го повтори делото“. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.
