Вести Македонија

Безбедно евакуирани ученици – дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово пристигнале попладнево, информира раководителот на секторот за образование во Општина Куманово, Александар Јовановиќ. Од таму додаваат дека учениците биле безбедно евакуирани.

„Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто по 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата“, изјави раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ.

Секторот за внатрешни работи Куманово потврди дека се пристигнати пораки за поставени експлозивни направи во неколку основни училишта.

„Денеска околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е-адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници“, соопшти СВР Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе