Вести Македонија

Граѓаните со голем интерес на бесплатните прегледи по повод Светскиот ден на мозочен удар

Мозочни удари и кај тинејџери – лекарите алармираат дека се спушта старосната граница. Најмладите пациенти имаат по 14 години. На годишно ниво, во Македонија има по 5000  случаи со мозочен удар. Голем дел од пациентите се помлади од 45 години. Според лекарите, мозочниот удар е една од најчестите причини за смрт и водечка причина за инвалидитет. Најчестите ризик-фактори се висок крвен притисок, дијабетесот, срцевите заболувања, пушењето и стресот – ако се контролираат овие состојби може да се спречат над 90% од мозочните удари. Важно е навреме да се препознаат симптомите.

„Акутно настанување на парализа на едната страна од телото, искривување на лицето од едната страна, одземен говор, а во некои случаи може да се јави и главоболка, нестабилност и проблеми со видот“, изјави д-р Анита Арсовска, шефица на одделот за ургентна неврологија.

По повод Светскиот ден на мозочен удар, денеска на Клиниката за неврологија граѓаните имаа можност бесплатно да направат доплер на артерии. Интересот беше голем. Директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски потенцираше дека клиниката има обврска да ја подигнува свеста кај населението за симптомите и третманот.

„Клиниката за неврологија има обврска да го едуцира населението за значењето на мозочниот удар, најчестите симптоми и третман. Мотото на денешниот настан е мозочниот удар се лекува“, изјави д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија.

„Скрининг деновите се многу важни. Сакаме заедно да имаме интеракција со нашите граѓани се со цел да ги информираме и едуцираме како побрзо да се препознае таков тип на заболување и каков начин на исхрана треба да имаат  за да се избегне таков тип на заболување“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Со 5-те илјади случаи годишно, Македонија спаѓа во земјите со средна инциденца на мозочни удари. Тоа значи дека на 100 илјади жители има околу 300 мозочни удари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе