Од денеска стартуваат 11 нови директни авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, како дел од стратегијата за развој на авио-сообраќајот. Од Охрид ќе се лета кон Базел, а од Скопје кон Стокхолм, Штутгарт, Бари и Ларнака. Од 3 ноември се воведуваат нови линии кон Женева и Мадрид, а од 15 декември кон Прага и Келн. Дополнително, од април следната година ќе има летови кон Будимпешта и Неапол. Од министерството за транспорт истакнуваат дека субвенциите за авиокомпаниите се наменети за летови со туристи кои пристигнуваат во земјава. Во првите девет месеци од 2025 година, преку двата аеродрома патувале 2,58 милиони патници, што е раст од 6% во однос на минатата година. Скопскиот аеродром бележи зголемување од 5,4%, а охридскиот 16,2%, што е показател дека Македонија станува сè поатрактивна авиодестинација.
Нови дирекни авиолинии од Скопје и Охрид
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
