Вработените во „Паркови и зеленило“ и нивните фирми ќерки „Флораком“ и „Луна парк“ денеска повторно протестираа заради неисплатената септемвриска плата.
Се пожалија дека не им се исплатени и другите додатоци на плата кои им следуваат според колективниот договор и најавија постапка на помирување, бидејќи не најдоа заеднички јазик со директорот на „Паркови и зеленило“, за што го известиле министерството за економија и труд да обезбеди помирувач во постапката.
Дигитална обработка: Т.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
