Вести Македонија Топ вести

Струга и Тетово во фокусот на ВРЕДИ и ДУИ за вториот круг

Струга и Тетово ќе бидат двете клучни општини каде што Коалицијата предводена од ДУИ и Коалицијата „ВРЕДИ“ ќе ги одмерат силите во вториот круг.

По вчерашниот прв круг на локалните избори двете коалиции од албанскиот политички блок победија во вкупно девет општини а по завршувањето на гласањето на прес конференциите во партиските штабови беше прогласена победа на локалните избори и потврден легитимитет кога станува збор за лидерство кај Албанците во Македонија. Заедничко за двата кампуси е што изборниот процес го оценија како фер и демократски и мирна атмосфера.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, во првиот круг од локалните избори Коалицијата ВРЕДИ победи во пет општини – Чаир, Арачиново, Сарај, Желино и Теарце додека коалицијата предводена од ДУИ во четири – Гостивар Липково Пласница Чашка.

Клучната општина која беше во фокусот на кампањата на ВРЕДИ и на ДУИ беше Чаир каде што се судрија Изет Меџити и Бујар Османи. Со излезност од 52 проценти Меџити победи со разлика од речиси 3.500 гласови.

Во Гостивар пак каде што висеше цензусот во текот на целиот ден и гласањето заврши со неубедливи 33 отсто излезност убедлива победа имаше кандидатот на ДУИ – Ваљбон Лимани кој победи со 4 спрема еден во гласови или со разлика од над 12 илјади гласови во однос на Сабаедин Даути.

Анализата на резултатите од првиот круг покажува дека во Тетово актуелниот градоначалник Биљал Касами има речиси четири илјади гласови предност пред неговиот опонент од ДУИ – Бајрам Реџепи. Во Струга, ВРЕДИ не излезе со свој кандидат за градоначалник и ја поддржа кандидатурата на Менди Ќура. Тука се очекува голема борба и неизвесност бидејќи по првиот круг разликата меѓу Ќура и Арсим Далипи кандидат на Коалицијата предводена до ДУИ е разликата е само 215 гласа.
Во две општини ВРЕДИ и Коалицијата предводена од ДУИ нема д асе судрат меѓусебно.

Во Дебар во вториот круг се пласираше независниот кандидат Рамадан Имери кој ќе се бори против Фисник Мела од ВРЕДИ. Интересно е што кандидатот на ДУИ – Илириан Фетаху не успеа да влезе во вториот круг а Мела, по првиот круг има предност од 700 гласови.
ДУИ е на прагот по 12 години и три последователни мандати на градоначалникот Фатмир Дехари да го загуби Кичево.

Тука за разлика од другите општини со свој кандидат излезе и владејачката ВМРО – ДПМНЕ – Александар Јовановски, кој веќе еднаш го водеше градот и загуби токму од дехари.
По првиот круг Јовановски има убедлива предност од шест илјади гласови пред Дехари а кандидатот на ВРЕДИ – Фатмир Лимани не успеа да влезе во вториот круг бидејќи засотануваше 1.500 гласови зад опонентот од ДУИ.

Силна порака испрати Општина Врапчиште каде убедлива но пирова победа однесе кандидатот на Коалицијата предводена од ДУИ бидејќи од запишаните 27 илјади гласачи гласаа едвај седум илјади далеку под неопходните 33 отсто за успешни избори.

Огнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе