Вести Македонија

Политико: Новите членки би можеле да се приклучат на ЕУ без целосно право на глас

Европската унија разгледува опција новите членки да се приклучуваат под пофлексибилни услови – со ограничени права на одлучување, вклучително и без право на вето – со цел да се забрза процесот на проширување. Според бриселски „Политико“, идејата е новите држави да ги користат повеќето придобивки од членството, а целосни права да добијат по институционалните реформи на ЕУ. Поддржувачите на оваа иницијатива, меѓу кои Австрија и Шведска, сметаат дека вака ќе се надминат блокадите од поединечни земји-членки како Унгарија, кои често го кочат процесот. Германскиот пратеник Антон Хофрајтер посочи дека Унијата мора да остане функционална дури и во проширен состав, при што идните членки би се откажале од правото на вето додека не се воведе квалификувано мнозинство во носењето одлуки.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе