Во пресрет на локалните избори, Јавното обвинителство донесе одлука за формирање привремена комисија што ќе го следи процесот на организирање и спроведување на изборите, со посебен фокус на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес.
Комисијата ќе делува проактивно, ќе ги следи настаните од целата држава и по потреба ќе упатува известувања до надлежните обвинителства за итно постапување.
Граѓаните, институциите и организациите ќе можат да пријавуваат сомнителни случаи на електронската адреса [email protected].
T.Д.
