Вести Македонија

Небиу: Кампањата не донесе иновација, тоа се должи и на фактот што недостасува неизвесност

Кампањата не донесе иновација во настапот на кандидатите и мислам дека тоа се должи и на фактот дека недостасува неизвесност, смета Бесим Небиу, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Кога не е неизвесно, кога знаеме кој ќе победи, мислам дека политичките, посебно оние кои што се фаворити, нема потреба премногу да ветуваат, бидејќи знаат дека ќе победат на избори. И ќе победат и со помалку ветувања и со повеќе ветувања и логично е да има помалку напор, бидејќи тоа е, фактички, придобивката од политичкиот натпревар. Кога има политички натпревар, има неизвесност и секој се обидува да придобие што е можно поголем број на, посебно, неопределени гласачи или некои кои седат дома. А кога анкетите се такви, 3:1, 4:1, 2:1, тогаш нема ниту голема мотивација да го прават тоа кандидатите“, истакна Небиу.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе