Вести Македонија

Последни пораки на кандидатите пред изборниот молк

На последниот ден пред почетокот на изборниот молк за локалните избори, кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар ги упатија своите завршни пораки до граѓаните. Иако немаа многу средства за скапи реклами и кампањи, кандидатите денот го искористија скромно со прес-конференции на кои побараа поддршка од скопјани.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од „Независни заедно“, Горан Марковски, изјави дека се чувствува позитивно и верува во одличен изборен резултат. Тој порача дека само со заедничка поддршка Скопје може да се извлече од сегашната агонија.

„Како што почнав така и ќе завршам. Почитувани сограѓани, Скопје се гуши и тоне во смет. Само зедно можеме да му помогнеме на Скопје да излезе од оваа агонија. Затоа гласајте за независен, стручен кандидат за градоначалник. Заокружете број 128. Скопје има шанса“, изјави Горан Марковски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од „Независни заедно“.   

Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска од истата иницијатива, очекува граѓаните да го дадат својот глас против корупцијата и за почесно управување со општината.

„Во недела е можноста сите заедно да и објавиме војна на корупцијата во Општина Центар. Затоа сите заедно излезете и гласајте за градоначалничка која е позната по борбата против корупцијата. Кога ќе успееме да ја победиме корупцијата ќе имаме пари за се. Заокружете број 149 за градоначалничка на Општина Центар“ изјави Билјана Ивановскa, кандидат за градоначалник на Општина Центар од „Независни заедно“.     

Од „Зелен хуман град“ побараа доверба од граѓаните, потсетувајќи дека со само двајца советници во Град Скопје успеале да направат повеќе од партиите со мнозинство.

„Единствено ние од зхг се боревме во корист на јавниот интерес цели четири години од советот на Град Скопје . Ние бевме единствената политичка група во советот која истовремено се бореше за набавка на нови автобуси и гласаше против штетни проекти“, изјави Драган Димковиќ, ко-носител на советничка листа на Зелен хуман град за Град Скопје.

На овие локални избори има над 50 независни кандидати за градоначалници.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе