Вести Свет

Зеленски во посета на Вашингтон со обид да го убеди Трамп да испрати ракети за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на својата трета посета на Вашингтон годинава, ќе се обиде да го убеди Трамп да ѝ испрати на Украина ракети „Томахавк“ со дострел до 2.500 километри, со кои би можеле да се таргетираат цели длабоко во Русија.

Трамп неодамна изјави дека „можеби“ ќе одобри ваква помош, но по разговорот со Путин изрази загриженост за американските резерви на ракети. Меѓувреме, Русија изврши еден од најмасовните напади врз Украина годинава, со повеќе од 320 дронови и десетици балистички ракети.

Украинскиот амбасадор во САД изјави дека тоа покажува дека Москва нема вистинска намера за мир и побара засилување на воздушната одбрана и испорака на оружје со дојг дострел.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе