Синдикатот на М-НАВ за денеска најави прес-конференција на која ќе ги образложи своите позиции. Генералниот штрајк требаше да се одржи на 20 и 24 октомври, со прекин на сообраќајот на македонското небо од 10 до 15 часот, но Основниот граѓански суд во Скопје донесе одлука за привремена забрана на штрајкот. Судот го прифати барањето на М-НАВ, поради утврдени пропусти во постапката за мирно решавање на работните спорови и немање легитимитет на синдикатот да организира штрајк.
Контролорите бараат запирање на партиските вработувања, огласи за стручен кадар и ангажирање независна агенција за анализа на потребите.
Не се исцрпени сите законски процедури за штрајк – судска забрана за штрајк во М-НАВ
