Вести Македонија

Родители на ученици: Во „Вера Циривири Трена“ нема греење – Општина Карпош: Често паѓаат осигурачите, котелот се исклучува, се работи на дефектот

Учениците од основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Општина Карпош веќе неколку дена следат настава без основни услови за работа, без парно греење, реагираат дел од родителите.

Според нивните реакции кои ги споделија со телевизија Телма, децата седат во студени училници, облечени со јакни што, пак, како што велат, сериозно влијае врз нивната концентрација и здравје.

Проблемот, според извори на Телма, трае веќе неколку дена и сè уште не е јасно кога ќе биде решен, a во обид да најдеме одговор од управата на училиштето никој не одговори на нашите повици.

Телевизија Телма се обрати и до Општина Карпош од каде велат дека се запознати со проблемот, но тврдат дека проблемот не е со парното, туку со електричната инсталација. Поради често паѓање на осигурачите од електричната мрежа, котелот постојано се исклучува. Велат и дека во моментов таму има распоредено екипи кои работат на санирање на дефектот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе