Вести Македонија

Арсовски: Имам впечаток дека кампањата на главните мејнстрим партии како да ја правел ЧетЏПТ

Од комуниколошка гледна точка, безбедна, па со самото тоа и досадна кампања има смисол за онаа партија која води на изборите, истакна аналитичарот Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во албанскиот блок не се знае кој води. Во македонскиот дел има смисла за една, условно речено, униформирана, побезбедна, поисполирана кампања, без големи изблици на креативност, без многу комуниколошки ризик, итн. Јас не го разбирам недостатокот на комуниколошки ризик кај овие партии кои бркаат резултат“, изјави Арсовски кој додаде, како што рече, личен впечаток дека кампањата на главните мејнстрим партии како да го правел ЧетЏПТ.

„Основен комуникациски постулат, без многу предизвикување на гласачите, како однапред да ги знаат резултатите. Што е право, пролиферацијата на анкетите на овие избори и на минатите е голема. Релативно е етаблиран политичкиот амбиент и релативно партиите знаат каде стојат со анкетите“, вели Арсовски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе