Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (ЕК).
Тој со неа ќе одржи тет-а-тет средбата во Влада.
Премиерот изјави дека од претстојната посета на Скопје на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.
Во фокусот на нејзината агенда се поддршката за евроинтеграциите на Македонија и најавата за отворање на центар за вештачка интелигенција во земјата – еден од првите во Западен Балкан, заедно со Србија.
Урсула фон дер Лајен го изјави тоа од Тирана и Приштина.
Но, што дополнително ќе разговара со премиерот во кусата тет-а-тет средба не сака да открие за новинарите.
Премиерот појасни дека се подготвувал темата можноста македонските граѓани да користат „брза лента“ при пасошка контрола во ЕУ, како дел од новиот дигитален систем за граничен надзор.
„Сега е моментот Србија да преземе конкретни чекори за приклучување во ЕУ“, му порача на Вучиќ од Белград денеска претседателката на Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претседателката е во веќе традиционалната годишна турнеја на балканските кандидатки и главната цел на нејзината посета е охрабрување на земјите од Западен Балкан кои веќе со децении стојат во чекалницата на Брисел.
Фон дер Лајен не само што го притисна Вучиќ за демократските реформи во Србија, која безмалку една година е зафатена од антивладини протести, туку од него побара и усогласување на Белград со надворешната политика на Унијата и воведување санкции за Русија. Иако српскиот претседател инсистира дека членството во Унијата е стратешка цел за неговата земја, тој сепак изминативе години ги продлабочи односите со Москва и со Пекинг.
