Венецијанската комисија даде препорака според која во иднина треба да се ограничи правото на реизбор на јавниот обвинител и негов избор како и можност за негово разрешување со квалификувано мнозинство во Собранието. Во заедничкото мислење со Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото, се предлага и измена на Уставот за зајакнување на автономијата и независноста на Јавното обвинителство. Комисијата предлага во критериумите за избор на јавен обвинител да се вклучат и менаџерски и организациски вештини, да се предвиди можност за само еден реизбор. Се бара и Владата да даде образложение ако отстапи од мислењето на Советот на јавни обвинители при евентуално разрешување. Дополнително, се препорачува реформа на Советот на јавни обвинители, со јасни критериуми за избор на членови, привремено суспендирање на обвинителите кои се членови, како и вклучување поротници како можни претседатели на Советот.
Венецијанска комисија: Да се ограничи мандатот на Јавниот обвинител
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
