Вести Најважни Свет

Трамп во пресрет на одлуката за Украина: Многу сум разочаран, имав добри односи со Владимир

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.

Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште ги имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто ја продолжува таа војна“. 

Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, поради што остава „многу лош“ впечаток, пренесува агенцијата ДПА. 

„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.

Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.

„Тој сака оружје. Би сакал Томахавци“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со тие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.

Ова ќе биде трета средба на Зеленски со американскиот претседател во Белата куќа откако Трамп се врати на власт на почетокот на годината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе