Жаклина Филипова – Свеќаровска, кандидатка за градоначалник на Кочани од Левица, вечерва истакна дека за да може градот да се врати во нормала и да може да размислува за развој првично е да се обезбеди правда за настраданите, иако правдата не е во рацете на локалната власт.
- Јас како иден градоначалник на Општина Кочани ќе направам се за да им помогна на родителите во нивната битка за правда, во спротивно нема да има простор за било каков натамошен развој. Секако дека ќе постапувам во согласност со мотото на овие избор на Левица, а тоа е „Народот сега“. Клучна програмска определба на Левица на овие избори е да им се вратат институциите и општините во рацете на народот, односно да бидат во служба на сите граѓани, а сема на една рака привилегирана олигарси како што беше до сега. Оттука првично најавувам ревизија на деталните урбанистички планови, бидејќи има многу отстапки од нив во Кочани што резултира со многу лош квалитет на живеење, резултира со хаос во сообраќај. Друга заложба која би ја отпочнала во првите сто дена да се формира јавно претпријатие за градски превоз, бидејќи во моментов плаќаме огромни пари на некој којшто наметнува монопол, истакна Жаклина Филипова – Свеќаровска, Левица.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
