Вести Македонија

Почина еден од осомничените полицајци поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“

Почина пензионираниот полицаец, Владо Петров, кој беше еден од осомничените полициски службеници поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

Oд Независниот синдикат на полицијата во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ се збогуваа од нивниот колега.

„Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни“, пишува во објавата на социјалната мрежа. 

Од Синдикатот во објава на „Фејсбук“ наведоа дека Петров од пензија бил испратен во притвор за што од ОЈОГОКК го демантираа тоа. Впрочем ниеден од осомничените полициски службеници не е во притвор, туку сите се со изречени мерки за предизвикување општа опасност.

„Владо Петров не е починат во притвор, впрочем ниту еден од полициските службеници не бил и не е во притвор, туку сите се со мерки“, соопштија д ОЈОГОКК.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе