Вести Македонија

Георгиевска: Општината треба да биде инвеститор на ДУП-овите, а не приватни инвеститори, ќе направам ревизија на секторите урбанизам и инспекција

Општината треба да биде инвеститор за планирање и изработка на урбанистички планови, а не приватни инвеститори и тоа ќе го направиме преку Одделение во јавното претпријатие, изјави Невена Георгиевска, кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош од група избирачи, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Една од првите работи ќе биде ревизија на секторот урбанизам и секторот за инспекција. Затоа што сме воочиле огромни недостатоци во секторот урбанизам во изминатите години и во однос на издавање на дозволи таму каде што не смее, значи каде што нема детални урбанистички планови. Сите зборуваат што сака да слушне народот, меѓутоа во позадина сосема друго се случува“, рече Георгиевска.

Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите пет кандидати за градоначалник на Карпош, учеството го откажа Сотир Лукровски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со објаснување „со обврски со партиски митинг“ и „претходно договорени настапи на други телевизии“.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе