Судењето за случајот онкологија продолжува денеска. Претходно новиот адвокатски тим на поранешниот директор на клиниката за oнкологија Нино Васев побара државниот обвинител Коцевски да ги преземе двата предмети за Онкологија од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска или да го делегира предметот на друго обвинителство. Очекуваат Коцевски да ги реевалуира обвиненијата да се дополни истрага или да ги повлече обвиненијата. Една од забелешките на одбраната е тоа што обвинителството го ангажирало за технички советник д-р Милан Ристевски за кој Васев и претходно бараше да биде изземен затоа што бил негов претходник во директорската фотелја. За ова барање судиите досега не одлучиле. На потег да одлучи државниот обвинител на денешното рочиште треба да сведочат роднини на починати пациенти на онкологија. Во овој предмет покрај Васев обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување. Докторката Мери Пешевска призна вина дека и биле злоупотребени факсимилот и лозинката и доби условна казна. Во другиот предмет кој се однесува на финансиското работење на клиниката, покрај Васев обвинет е и поранешниот организациски директор Нухи.
Продолжува судењето за случајот „Oнкологија“
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
