Граѓанинот е на централно место во нашата програма, рече Петра Лукароска, кандидатка за градоначалничка на Прилеп од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Затоа, ние спроведовме мерки во четири столба – функционален и безбеден јавен простор, чиста и здрава животна средина, општина по мерка на граѓаните и младите во фокусот. Покрај ова, имаме инфраструктурни објекти кои што се од важно значење за градот, затоа што во изминатиот период градот ни стагнира. Во градот не се случуваат промени и затоа потребно ни е да имаме чист, безбеден град, со силна економија, со добра инфраструктура, каде што секој граѓанин ќе живее достоен живот, со посебен акцент за младите“, порача Лукароска.
Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.
С.Д.
