Вести Економија Топ вести

TOП 5 најголеми должници за струја и парно на ЕСМ – Клинички центар на врвот на листата

Клинички центар најголем должник за струја. Според, податоците кои ги доби Телма, Мајка Тереза е на врвот на списокот, но во 5 те најголеми должници влегуваат и  УКИМ, Градски трговски центар, Пошта и Железници Транспорт.

Оние пак кој на ЕСМ му должат најмногу за парно греење се Државен студентски дом Скопје, Студентски дом Стив Наумов,  МРТ и повторно и тука на овој список се АД Пошта и ГТЦ.

Точно колку поединечно треба да платат не е наведено, но наскоро ќе ги добијат известувањата за побарувањата. Она што сега е познато во јавноста е дека над 200 државни институции на ЕСМ и за струја и за парно му должат околу 16 милион евра.

Компанијата сака овие пари за период од три месеци да ги врати во сопствената каса.

На средината на јули ова го побарале и на владина седница, по што владата ги задолжила институциите во рок од 90 дена да ги платат долговите.

На списокот се министерства, училишта, агенции, јавни комунални претпријатија, болници во речиси сите градови. Тука е и Службата за општи заеднички работи на Влада, Општини и многу други.

Со оглед на тоа што меѓу должниците има доста кои се со финансиски проблеми, останува да се види колку ЕСМ ќе успее да собере од пресметана сума во утврдениот рок.

Електрани веќе извесен период се обидува да ја подобри својата ликвидност.  На крајот на минатата година зема кредит од 80 милиони евра од домашни банки, а сега повторно подигна кредит од 30 милион евра исто на домашен пазар.

Според, последните податоци на Министерството за  финансии, ЕСМ за само три месеци го зголеми минусот во касата за 11 милиони евра, па така првиот квартал загубите на компанијата надминуваат 45 милиони евра. Сепак,  од електрани се оптимисти дека 2025 ќе ја завршат со мала добивка или пак барем со позитивна нула.

2024 пак ја завршија со загуба од над 120 милиони евра. ЕСМ некогаш важеше за една од најомилените компании за работа. Но, веќе извесен период работи со потешкотии.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе