Вести Економија Наука и здравје Свет

„Мета“ на Зукенберг со раст од 12,2 отсто на Волстрит

Акциите на Волстрит попладнево пораснаа и се движат во рекорден максимум поради растот на технолошките акции.

S&P 500 порасна за 0,5% и е малку над рекордното максимум што го постави на почетокот на неделата. Индустрискиот просек Dow Jones беше претежно непроменет до 12:01 часот источно време, додека технолошкиот Nasdaq скокна за 0,9% и е исто така на добар пат кон рекорд.

Технолошкиот сектор го направи поголемиот дел за поширокиот пазар по резултатите кои ги остварија големите компании кои се повеќе ја имплементираат вештачката интелигенција.

„Платформата Мета“ бележи раст за 12,2% откако ги сруши целите за продажба и профит на Волстрит, и покрај милијардите вложувања во вештачката интелигенција.

Додека „Мајкрософт“ скокна за 4,6% откако објави и подобри резултати од очекуваните аналитичари. Компанијата дополнително им даде на инвеститорите охрабрувачки информации за својата платформа за „cloud computing Azure“, која е централен дел од напорите за имплементација на вештачка интелигенција во компанијата.

Технолошки гиганти „Епл“ и „Амазон“ се очекува да ги објават резултатите по затворање на берзата.  Големите технолошки компании редовно се движечката сила зад голем дел од добивките на пазарот поради ентузијазмот за иднината на вештачката интелигенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе