Вести Македонија Топ вести

Алармантна состојбата на велешкото езеро Младост

Загрижува состојбата на езерото Младост. Водата е нечиста, со непријатен мирис што потсетува на фекалии, а визуелната слика е алармантна.

Имајќи ги предвид резултатите од извршените анализи во последните две години,од комисијата за следење на состојбите на водите на езерото тврдат дека постои основа за загриженост.

Според нив, езерото содржи висока концентрација на органски материи, висока кондуктивност, голем број на колифорни бактерии и ниска концентрација на кислород во водата.

Станува збор за процес кој трае со години, но кулминирал во последниот период.

„Довод на свежа вода во акумулацијата нема. Отовичка река само во зимските месеци има многу слаб проток.Во колекторскиот систем околу акумулацијата постоеле неприклучени семејни индивидуални објекти за домување, кои изминативе месеци технички се приклучуваат и нивниот број се намалува.Темелниот испуст од акумулацијата Младост е нефункционален, и истек на вода од акумулацијата нема, Токму на оваа акумулација можат да се направат споредбите помеѓу природната еутрофикација (стареење) на една акумулација и вештачкото, предизвикано и од човечки фактор“ вели Антоанета Стојанова, претседател на комисијата за следење на состојбите на водите во акумулацијата на езерото Младост, формирана од советот на општина Велес.

Од комисијата потенцираат дека оваа состојба е особено изразена во летниот период кога температурите се високи и ја оценуваат како крајно алармантна.За решавање на проблемот потребна е координирана вклученост на сите надлежни институции.

Oд ЈПВ Лисиче Велес велат за Телма дека навремено ги извршуваат сите обврски поврзани со одржувањето на езерото. Потенцираа дека наскоро ќе користат средства преку државни програми со кои ке започнат со интервенции за подобрување на состојбата.

„Овие 6 милиони денари кои се од министерството за земјоделство водостопанство и шумарство се поделени на два дела, 5 милиони денари за ископ на бушотини кои треба претходно со технички документи да ги обезбедиме и да најдеме позиции за проток на вода и снабдување со вода на езерото има 1милион денари за чистење на икрајбрежјето. Од програмата за животна средина каде аплициравме добивме 4 милиони денари тие се предвидени за санација на темелниот испуст на браната’’ изјави Ванче Маневски директор на ЈПВ Лисиче, Велес.

Од центарот за јавно здравје Велес се уште нема објавено резултати за состојбата на езерото Младост.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе