Вести Економија Топ вести

Изгласајте минималец од 500 евра до распишување на избори, ССМ со порака до пратениците

Пред да се распишат локалните избори пратениците да изгласаат повисок минималец, апелираат од ССМ.  Со барањето да изнесува 500 тини евра, а останатите плати да се зголемат за дополнителни 100 евра, тие утре ќе дојдат на средбата на Економско социјалниот совет, на која ќе присуствуваат претставници од Владата, но и работодавачи.  Ден пред состанокот ги повикаа пратениците по брза постапка, во рок од три дена да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата, исто како што изгласаа понизок синдикален праг,  со образложение дека таква можност нема да има кога ќе се распишат изборите.

Сметаме дека пратениците имаат можност пред распишување на локалните избори да на брзи измени на законот за минимална плата утврдат минимална плата со дополнително зголемување односно 500 евра минимална плата за македонските работници и да се покажат на нивото на задачата како нивните колеги во регионот, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Ги прашаа и другите синдикати на која страна ќе бидат на утрешниот состанок –  на страната на Владата или на онаа на работникот.

Денеска ја користам можноста да поставам прашање дали колегите ќе застанат на страна на работниците и бараат зголемување на работничките права или ќе кажат дека добро се живее во Македонија и дека не е време за зголемување на работничките плати, додава Трендафилов.

Oд КСС за Телма изјавија дека денеска ќе ги дефинираат нивните барања, кои утре ќе ги презентираат на новиот состанок на ЕСС.

На средбата, планот е да се разговара и за новата кошничка која ја скрои владата откако изнесе забелешки дека во онаа на ССМ има спорни работи. Премиерот Мицкоски пак рече дека добро е да има пет вакви кошнички, за пензионери, самци, за млади брачни парови, за три и четиричлено семејство.  За синдикатите синдикалната минимална кошничка е единствената статистика која покажува дали е добро или лошо во државава.

Ќе се зборува и за мерки против високите цени. До сега неколку пати беше најавено дека наскоро ќе се донесат. Сега, властите ја чекаат анализата за причините на инфлацијата, но и новите податоци, па потоа ќе се види како ќе се делува.

Од бројките со кои располага ССМ може да се види дека во споредба со дел од земјите од регионов,  Македонија има најмала минимална плата. Во Србија се зголемува од октомври, во Црна Гора изнесува 600 евра за тие со основно и средно образование, а во Босна е нешто над 500 евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе