Над 15 милиони евра ќе ја чини ЕСМ струјата која од сега ја набавува за ноември и декември. Прифатена е понудата на трговецот Гени продажба на енергија. Цената за мегават е 115 и 117 евра, приближно колку онаа на ЕСМ. Вкупно се обезбедени 132 илјади мегават часови. Сумата ќе се плати тогаш кога ќе се троши.
Од ЕСМ вчера за Телма одговорија дека со овој потег очекуваат да добијат струја по поповолни цени од оние кои ги има во тој период и дека прават анализи истото да го направат и за месеците јануари и февруари кога има најголема потрошувачка.
Нова цена на струјата ќе се носи во ноември, па останува да се види дали и колку овие набавки ќе влијаа.
Минатата година за набавка на струја се потрошени околу 100 милиони евра.
ЕСМ бара и државните и јавни институции да си ги подмират и долговите за струја и парно кои ги имаат кон компанијата. Станува збор за долг од 16 милиони евра, од над 200 институции. Тука се министерства, болници, клинички центри, јавни комунални претпријатија, агенции, пошта, железници и други.
До сега загубите на компанијата се над 45 милиони евра, но очекувањата се дека годинава ќе се заврши со мала добивка или барем со позитивна нула.
