Вести Економија Македонија Најважни

Јоргенсен: На Европа и е потребна 100 процентна независност од увозот на енергија од Русија

На Европа и е потребна 100 процентна независност од увозот на енергија од Русија, порача Европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен на одбележувањето на 20 -годишнината од енергетска заедница во Атина.

Според Јоргенсен брутална војна што Путин ја води во Украина е срам. Тој додаде дека Европа е свесна дека Русите ја таргетираат енергетската инфраструктура во Украина. Додаде дека Европа прави сè што може за да и помогнеме на Украина да ги поправи штетите и да изгради енергетски систем што е еластичен.

  • ,,Повеќе нема да и дозволиме на Русија да ги уценува нашите земји -членки. Повеќе нема да и дозволиме на Русија да ја користи енергијата како оружје против нас. Ќе забраниме увоз на гас од Русија. Јас ги поставив законодавните предлози и сега ќе се преговараат во Европскиот парламент и Советот“, рече Јоргенсен.

Во контекст на тоа ги потенцираше и бројките како се намалува енергетска зависност од Русија.

  • ,,До 22 февруари добивме 51 процент од нашиот јаглен и нафта од Русија. Денес, добиваме нула. Добивавме 45 проценти од нашиот гас. Денес, добиваме 13 проценти. Но, дури и 13 проценти е премногу. Затоа, решивме да испратиме многу јасна порака до Русија. Ова повеќе нема да застане“, кажа Јоргенсен.

Клучните теми за кои се разговара на конференцијата во Атина се потребата од реформи за да декорбанизација, но и интеграција на пазарите. На Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина, Грцијa беше порачано и дека за дел од земјите пристапувањето во ЕУ е клучна цел, а енергетската интеграција не е само техничко прашање туку туку еден од столбовите на тој процес.

На состанокот се разговара за неопходните чекори кои треба да доведат до целосна интеграција на електроенергетските пазари меѓу Европската Унија и Договорните страни. Присутна е и Сања Божиновска, министерката за енергетика од Македонија која ја истакна важноста на овој процес за енергетскиот сектор. Заклучоците од овој неформален министерски совет ќе бидат дополнително објавени.

А се уште неизвесно е дали ќе има промена во однос на стартот на механизмот за регулирање на прекуграничните емисии на јаглерод (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM) штo наложува оданочување на вградените емисии со ефектот на стаклена градина (GHG) во производите кои се увезуваат на пазарот на Европската унија и според досегашните најави треба да стартува од 1,јануари 2026 година.

Од Атина за Телма известува Наташа Стојановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе