Вести Економија Најважни

Ќе има ли мерки за високите цени? Мицкоски ќе оди кај Дурмиши да ја види анализата

Премиерот Мицкоски нема информација дека креирањето на мерките за растот на цение е кри крај. Неофицијално, повторно во игра ќе бидат ограничените маржи и наменските кошнички, како што беа есенската и новогодишната. Но, Мицкоски рече дека денеска ќе оди кај министерот за економија  Дурмиши,  за да види што покажала анализата од пазарна.

Вие имате повеќе информации очигледно од она што имам јас немам такви информации дека се при крај мерките за кошничката или како што рековте ограничување на маржи и слично. После овој настан имам состанок со министерот за економија и ќе разговараме на тој состанок претпоставувам кое е она што треба да го преземеме периодов што следи соодветно на анализите кои што ги направивме, а за кој што веќе зборував, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Мицкоски претходно неколку пати кажа дека мерки ќе има многу скоро. Но, какви и дали би се донеле до крајот на месецов со оглед на тоа што на почетокот на август ќе се распишат и локалните избори, период во кој сите процеси се запрени, не откри. Она што се знае е дека до крајот на јули повторно на маса ќе седнат синдикатите, работодавачите и Владата. Ќе се дискутира и за мерки за цени, но и за новата кошничка која ја креира владата, откако реагираа дека во онаа на ССМ има спорни работи. Оваа кошничка требаше да биде презентирана уште пред некој месец.

Од ССМ до сега неколку пати апелираа што поскоро да има состанок и да се донесат мерки затоа што состојбата со цените е алармантна.

Според, последниот извештај на статистиката за една година трошоците за живот скокнале за 4, 5 отсто. Најмногу поскапело овошјето, но раст е забележан и кај другите производи.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе