Вести Македонија

Да се признае професија родител-негувател, бараат родителите на деца со попреченост

Родители на деца со попреченост бараат да добијат статус на родител-негувател. Сметаат дека за нивните деца тие најдобро се грижат, а најчесто тоа значи целосна посветеност и неможност да се вклучат на пазарот на труд, па покренаа иницијатива да добијат статус на професија родител-негувател. Целта е еден биoлошки родител да добие месечен надоместок во висина на просечна плата и право на пензија.

„Ги повикавме пратениците, политичарите, сите што можат да дадат придонес во овој процес и се надеваме дека ќе нè слушнат. Сакаме да добиеме пристоен живот додека се грижиме за нашите деца“, рече Анче Туфекчиева од Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“.

Покрај родители на деца со попреченост и пратеници, во иницијативата се вклучени и лекари. Но, според доктор Ѓорги Јанев, ова е сложен и долг процес ако се тргне од фактот дека државата нема ниту регистар на лица со попреченост.

„Државата нема регистар на лица со попреченост за најпрво да знаеме со колкава бројка си имаме работа. Потоа за да стане нешто професија значи се допираме и до закон за работни односи, затоа што тие родители веќе стануваат вработени лица. Во западните земји се најчесто вработени во центрите за социјална работа, а според тоа се должни и да се обучуваат за да ги постигнат професионалните компетенции за таква работа“, рече доктор Ѓорги Јанев, специјалист по медицина на трудот.

Иницијаторите својата идеја ја претставија пред пратениците од регионот, а планираат да организираат и панел-дискусии низ повеќе градови во државата за да се сензибилизира јавноста, но и политичарите, бидејќи целта им е предлог-иницијативата да биде вметната во законско решение. Досега вакви дискусии се организираа во Струмица и во Валандово.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе