Вести Економија Топ вести

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Со  заем од две милијарди евра oд британската рамка  ќе расте јавниот долг,  предупредуваат од фискалниот совет. Од таму велат дека во игра се две сценарија. Со првото, ако државата од 2027 до 2029 поинтензивно се задолжува,  долгот ќе скокне дури до 64, 7 отсто од БДП,  односно годишно би се  задолжувале до 667 милиони евра.

Со второто, кое според советот е по издржано сценарио, ако државата од 2027 до 2032 се задолжува поумерено долгот би скокнал до 63  % од БДП, или годишно би се задолжувале до 400 милиони евра.

„Овде се вклучени оние информации што до денеска ги имаме на располагање, а тоа е законот што се усвои во парламентот меѓутоа не со конкретни податоци ниту услови за задолжување затоа што истите не се објавени ги немаме. Но, ние направиме хипотетички претпоставки што би било кога би се задолжиле со дополнителни две милијарди евра и тие сценарија се направени“, изјави Глигор Бишев, претседател на фискален совет.

Од советот  не се загрижени за собирањето на средствата во буџет по основ на даноци. Велат тој дел оди добро, со мало потфрлање кај парите од ДДВ, но укажуваат на тоа дека се уште најголем дел од буџетот се троши за социјални трансфери, а многу малку останува за развој.

„Две третини од вкупните јавни расходи се наменети за социјални фондови и социјална заштита. Значи ако ја земеме вкупната компонента на расходната страна на буџетот, буџетот ни е доминантен со социјална компонента. Многу малку ни останува дел за економската компонента“, вели Абдулменаф Беџети од фискален совет.

За да ги обезбеди државата 2 те милијарди евра кои би се искористиле за брза пруга, изградба на болници,  министерството за финансии испрати барање до неколку меѓународни финансиски институции и банки чии имиња се добро познати во јавноста.

Следната недела треба да се знае од каде точно ќе се земат парите и под кои услови ќе се враќаат истите. За овој заем гарант е Обединетото Кралство.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе