Вести Економија

Македонија најмногу ја посетуваат туристи од Турција

Двоцифрен годишен пораст на странски туристи во државата, покажуваат најновите податоци презентирани од Министерството за култура и туризам. Оттаму наведуваат дека бројот на странски туристи во првата половина од оваа година, споредено со истиот период лани, пораснал за 21,6 проценти. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува бројот да достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници.

Од Министерството потенцираат дека ова би можело да донесе приходи до 500 милиони евра и нагласуваат оти е важно државата и бизнисите да инвестираат во инфраструктурата, зајакнување на туристичките капацитети.

Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42 проценти меѓу странските гости и постојан раст. Србија покажува исто така забележителен подем, односно раст од 20-30 проценти, особено во Скопје и Охрид. Раст бележат и Германија, Грција, Хрватска и Романија, кои остануваат меѓу првите десет пазари. Пазарите како Бугарија, Албанија и Словенија се стабилни, додека кај држави како Косово, САД, Италија и Холандија не се забележани значајни промени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе