Вести Економија

Инвестициска активност за економски просперитет – став на претседателот на Стопанската комора, Азески

Секоја инвестициска активност е добредојдена за Македонија, бидејќи без тоа не може да се остварат двете начела на бизнисот – компаниите да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, е ставот на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за инвестициската клима. Обединетото Кралство е значаен политички и економски фактор во светот, а гаранцијата што ја добива Македонија за кредитирање е многу значајна за општата стабилност на земјава и на регионот, се наведува во соопштението на Стопанската комора на Македонија (СКМ).

„Ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите, а и за економската активност“ смета претседателот на СКМ.

Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи понудените пари, согласно гаранцијата, но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон помош на компаниите и нивно оспособување за непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат Комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.

„На пример за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми, а кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање на кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност“, вели претседателот Азески.

Железницата е рак рана на македонската инфраструктура, а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток. Само ние уште имаме повисока цена на траспорт со камионски превоз од железнички, вели претседателот на Стопанската комора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе