Вести Најважни Свет

Пет отсто годишно за одбрана во наредната деценија – НАТО го исполни барањето на Трамп

Државите членки на НАТО, во усвоена Декларација на самитот во Хаг, се обврзаа во наредните 10 години да издвојуваат по 5 отсто од националните буџети за одбрана на Алијансата. Од нив, 3,5 отсто ќе се однесуваат на основна одбрана, односно оружје и трупи, а 1,5 отсто ќе претставува износ кој е предвиден за т.н. безбедносни инвестиции, како што се заштита на критичната инфраструктура, иновации, обезбедување на цивилна заштита, итн.

Потврдена е и цврстата посветеност на колективната одбрана, како што е содржано и во Членот 5 – напад на една држава членка се смета за напад на сите членки на Алијансата.

Во Декларацијата се споменува и „Русија како долгорочна закана по европската безбедност“, но за разлика од ланската, овојпат не се споменува војната во Украина.

Самитот на НАТО се одржува во сенка на кревкото примирје меѓу Израел и Иран, по 12-дневните интензивни воздушни удари меѓу двете земји на Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе