Спорт Фудбал

Реал запрен од Ал Хилал, Јувентус пукна „петарда“ против Ал Аин (ВИДЕО)

Реал Мадрид ремизираше само 1-1 со Ал Хилал, Јувентус го декласираше Ал Аин, додека Салцбург беше подобар од Пачука. Со овие натпревари се комплетираше 1.коло од групната фаза на Светското клупско првенство. Денеска веќе почнуваат натпреварите од втората рунда.

Реал Мадрид синоќа одигра само 1-1 со Ал Хилал во рамки на групата Х. Младиот напаѓач, Гонзало Гарсија, кој настапи на местото на болниот Килијан Мбапе, го отвори резултатот во 34-тата минута по асистенција на Родриго. Во 41-та минута, Саудијците израмнија на 1-1 од пенал преку Рубен Невеш. Реал имаше шанса да му донесе победничко деби на клупата на Чаби Алонсо, но Федерико Валверде не реализираше пенал во 92-та минута, односно голманот Јасин Боно успеа да го одбрани неговиот удар од белата точка.

Во оваа група Салцбург со 2-1 беше подобар од Пачука. Глук со одличен удар од далечина ги доведе Австријците во водство во 42-та минута. Гонзалес израмни за Мексиканците во 56-тата, а победата на Салцбург му ја донесе Онисиво во 76-тата. Во следното 2.коло, Реал игра против Пачука, а Салцбург против Ал Ахли.

Јувентус славеше со 5-0 против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати во рамки на групата Г. Победникот беше решен уште во првото полувреме по кое италијанскиот состав водеше со 4-0. Рандал Коло Муани стрелаше два пати, а по еднаш погодија Франциско Консеисаи и Кенан Јилдиз. Во вториот дел Консеисао со својот втор гол само стави точка на „петардата“ на Јувентус на стартот на турнирот. Во следното коло, „Старата дама“ игра дуел со Видад Казабланка, додека Ал Аин оди на уште еден европски гигант, Манчестер сити.

ФУДБАЛ СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО
2.КОЛО

ГРУПА А
ПАЛМЕИРАШ – АЛ АХЛИ (ДЕНЕСКА, 18 ЧАСОТ)
ИНТЕР МАЈАМИ – ПОРТО (ДЕНЕСКА, 21 ЧАСОТ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе