Одбојка Спорт

Македонија поразена од Финска на стартот на Златната лига

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Финска со максимални 3-0 на првиот натпревар во Европската златна лига на турнирот што се одржува во Братислава, Словачка. Продолжува нашата лоша низа против скандинавскиот тим, кој денеска ја оствари и најубедливата победа.

Македонија загуби со 0-3, по сетови 25-20, 25-15 и 25-19. Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип Савовски имаше седум, а Илиев постигна пет поени.

За Финците ова е четврта победа на четвртиот меѓусебен натпревар. Претходно загубивме со по 3-1, два пати во грпната фаза на Европските првенства во 2019 и 2021, додека едно соочување имаме во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2022. За Финците ова е втора победа на турнирот во Братислава, бидејќи вчера со 3-0 славеа и против домашната селекција. Македонија утре од 15 часот ќе се соочи со Словачка во рамки на 2.коло од Златната лига и ќе ја бара првата победа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гоф подобра од Сабаленка во женското финале на Ролан Гарос

Дејан Дејан

Марк Маркез доминираше во квалификациите и спринтот на Арагон

Дејан Дејан

Последно вечно дерби за ракометниот трон на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе