Спорт Фудбал

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале во ЛН (ВИДЕО)

Шпанија ја победи Франција со 5-4 и ќе игра против Португалија во големото финале во Лигата на нации.

Синоќа во Штутгарт имаше вистинска голеада. Се чинеше дека „црвената фурија“ го има целосно мечот под контрола до самиот финиш. Шпанија во 55-тата минута веќе имаше водство од 4-0 благодарение на головите на Нико Вилијамс, Микел Мерино, Ламин Јамал од Пенал и Педри.

Килијан Мбапе од пенал намали на 4-1, но Јамал со својот втор погодок на натпреварот во 67-та минута зголеми на 5-1. Тогаш Франција се разбуди, а најмногу заради влегувањето на Рајан Шерки. Играчот на Лион, кој е пред трансфер во Манчестер сити постигна прекрасен гол за 5-2. Вивијан си постигна автогол, а Рандал Коло Муани во третата минута од судиското продолжение погоди за конечни 5-4.

Шпанија во недела во Минхен од 21 часот ќе игра против Португалија во финалето на Лигата на нации, додека во Штутгарт истиот ден од 15 часот, Германија и Франција ќе играат за 3.место.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе