Вести Македонија Топ вести

Продолжува масовната вакцинација на македонски државјани во Србија

Додека 24.000 дози од вакцината Астра Зенка патуваа накај Скопскиот аеродром, иладници македонци и денеска од рано утринава отпатуваа за Србија да се вакцинираат со истата вакцина. Како вчера така и утринава се чекаше по 40 –тина минути на граничниот премин Табановце за изез од земјава. И додека македонските власти најавуваат масовната имунизација да почне од среда, бројките покажуваат дека околу десетина илјади македонци викендов во Србија најверојатно ја примиле првата доза на британската вакцина на Оксфорд.

Така само во текот на вчерашниот ден, до полноќ, на граничниот премин Табановце излез од државата оствариле 6,106, а влез 6.183 македонски државјани, информираа од МВР. Денеска пак до 16 часот границата за излез ја поминале над 4 илјади македонски граѓани.

Во Ниш и денеска вакцинирањето е организирано во спортската сала „Чаир“, а во Белград во салата на Белградскиот саем. Гужви и редици има на вакциналните пунктови, но вакцинацијата оди непречено.

И покрај најавите дека денеска нема да се примаат странските граѓани кои не се закажани, сепак дел од луѓето кои денеска отишле незакажани успеале да примат вакцина. Проблем имало на вакциналните пунктови  во Ниш каде денеска имало три пати повеќе странски државјани заинтересирани за вакцина од вчера, а ограничен број на дози од вакцината. Затоа незакажаните биле преупатувани да одат за Белград или да причекаат.

Тука сме од 10 часот. Доаѓаа и еден по еден не прашуваа за термин за да не чекаат незакажаните. Ги праќаат за Белград. Мислам веќе нема тука незакажани. Можеби ќе ослободат кога ќе завршат тие со термин – вели граѓанка која се вакцинирала во Ниш

Македонските граѓани за српските медиуми велат дека ова им било шанска побрзо да се имунизираат.

 

Ние го пополнивме тој прашалник ради реда, но ете имавме среќа да не повикаат да се вакцинираме

 

Едноставно луѓето дојдоа порано, тоа ќе ни прави нас проблем, но едноставно ќе успееме да ги вакцинираме сите луѓе кои дојдоа. Вчера беше иста ситуација, преку 9.500 луѓе се вакцинирани на Саемот. Но ќе успееме, вчера работевме во две смени ако е потребно ќе работиме и денес.

Денеска во Ниш се вакцинираше и втората тура македонски бизнисмени кои беа организирани од Стопанската Комора и за кои беа обезбедени 2.000 дози од вакцината „Астра Зенека“. Инаку викендов српските власти ги отворија пунктовите за странските државјани, па покрај македонците, вакцина таму добија и граѓаните на Босна, Црна Гора, Албанија.

Александра Филиповска

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе